Ќе се разрешат судијките поротнички – пет случаи на СЈО се враќаат на почеток

Судскиот совет во среда ќе констатира прекин на мандатот на две судијки поротнички Лилјана Ивановска-Кочковска и Марика Кондовска, што значи дека предметите во кои тие се дел од судечкиот совет ќе се вратат на почеток. Станува збор за предметите: ТНТ, „Талир“, „Тендери“, „Топлик“ и „Монструм“, ојбави „360 степени“.

„Судскиот совет одржа работен состанок и, имајќи ги предвид наведените законски одредби,  донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница“, наведуваат од Судскиот совет.

Седница на Советот е закажан за в среда.

Откако Судскиот совет и официјално ќе одлучи за престанокот на функцијата на двете поротнички, судските процеси во кои тие членови и немало заменици ќе почнат од почеток. Тоа е предвидено со Законот за кривична постапката (ЗКП), според кој има опција повтореното судење да биде со забрзана динамика, но за да се случи тоа ќе треба да се согласат странките во постапката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега