Николовски: Оправдано е што граѓаните се незадоволни, не сум ни јас

Никој нема да не спречи во борбата за силна реформа и прочистување на судството, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Судството, оцени Николовски, еден од последните бастиони на „груевизмот“ чии остатоци сé уште се чувствуваат.

-Сé уште има остатоци од „груевизмот“ и од „сваровски“ судството. Оправдано е што граѓаните не се задоволни. Не сум ни јас.  И не треба да напредуваме само во економијата или да спроведуваме реформи во енергетиката, социјалата, земјоделство. Мора да го реформираме и прочистиме судството, истакна генералниот секретар на владејачката партија.

Тој најави нов, модерен, европски концепт на СДСМ, потенцирајќи дека, според сите анкети, граѓаните ги поддржуваат политиките кои водат напред, а не оние што враќаат назад.

-Граѓаните се убедени дека опозицијата нема нова понуда. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира државата и сака да ја врати назад. Не може да живееме во времето на режимот, рече Николовски.

Потсети и дека оваа Влада донесе слобода и демократија заедно со граѓаните.

-За две години е направено многу повеќе од претходните 11 години. Имаме независни институции, дозволивме слободно да се критикува и да се делува. Веќе сме пред формално заокружување на членството во НАТО и пред отворање на преговорите со ЕУ. Денес не се градат споменици и скулптури, туку 850 километри патишта, подвлече Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега