Николовски: Денес сме пред членство во НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ

Граѓаните со право се незадоволни од случувањата во судството, каде има се уште има остатоци од режимот и груевизмот, од контролата врз судството од разни моќници, незадоволна е и мојата генерација и тоа со право, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема“.
Денес веќе не живееме во режим кога некои мислеа дека е нормално владејачката партија треба да има целосна контрола врз судството, медиуми, граѓанскиот сектор. Доколку како извршна власт посегнавме по инструменти кои не се во согласност со демократските принципи, сигурен сум дека ќе се вратевме назад во режим. Денес сме пред членство во НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ. Но правиме се за да се спроведе целосно прочистување на судството и обвинителството и тоа никој нема да го спречи, истакна Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега