Трајановски: Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски синоќа кога бил нападнат од две непознати лица се шетал заедно со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски се огласи на Фејсбук во врска со овој случај.

„Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата“, наиша Трајановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега