Шекеринска: За ВМРО-ДМПНЕ најдобро е „чмаењето” во чекалницата на НАТО и ЕУ

Во 2020 година Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО. За нас, комплетирањето на техничкиот процес за полноправно членство во Алијансата, последната ратификација од страна на шпанскиот парламент е приоритет, иако тоа не зависи директно од нас. Сега е потребно како држава да покажеме дека доколку од нашите сојузници бараме да бидат максимално посветени на завршувањето на интерните процедури, и ние дома знаеме да си ја завршиме нашата домашна задача. Нашиот парламент треба да биде подготвен, без оглед на изборните процедури, да се состане и да го круниса со успех тридеценискиот стремеж на генерации македонски граѓани.


Ова е пораката од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за МИА, во кое говори за сработеното во нејзиниот ресор, за предизвиците со кои се соочиле во одбраната, но и за приоритетите во новата 2020 година.

Првиот предизвик, според неа, бил да се врати членството во НАТО на функционален колосек.

– Единаесет години чекавме ВМРО-ДПМНЕ да нè внесе во НАТО. Не успеаја. Сега, кога тоа го обезбедивме за само 2 години, повторно сакаат да ја блокираат државата. Изгледа дека за нив, „чмаењето” во чекалницата на НАТО и на ЕУ е најдобро сценарио. Само така можат државата да ја држат заробена, преку стравот на сите граѓани и корупцијата на нивните функционери, вели Шекеринска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега