Со автоматска пушка застрелан Борис Мутков - Едно лице приведено

Борис Мутков познат под прекарот Фантом, околу полноќ, е застрелан во близина на мостот за населбата Бардовци.

Полицијата за настанот привела едно лице на возраст од 23. години, пренесе А1.он.

- Ноќеска е пукано кон Б.М. (40) додека тој се движел со автомобил марка „мерцецедес“ во скопската населба Бардовци каде што живее. Кон него, според неофицијалните информации, било пукано со автоматска пушка. Фантом важеше за пријател и соработник до Џелал Ајети – Џељо од Арачиново, водач на криминалната група „Беланоца“ која се бавеше со лихварство и трговија со дрога, велат од МВР за А1.он.

Тој важеше за соработник на Џељо од Арачиново, водач на криминална група за трговија и дрога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега