ВИДЕО: МВР со видео за шверцот на кокаин за кој е осомничена и актерката Стојановска

Позната македонска актерка, Силвија Стојановска на 19 декември годинава беше приведена и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на огромна количина дрога.

На актерката и беше одреден 30. дневен притвор, а денеска МВР објави видео од големата акција.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА, објави МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега