За утре закажана јавна дебата за предлогот за една изборна единица

За утре закажана јавна расправа за предлогот на неколку помали парламентарни партии за измена на изборниот модел.

Иако претседателот на парламентот Талат Џафери тврдеше дека за предложените измени во Изборниот законик не може да има јавна дебата, со оглед на тоа што се носат по скратена постапка, претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Александар Кирацовски закажа за утре попладне „отворена дебата“ на оваа тема.

Комисијата за политички систем, во соработка со Иницијативата за една изборна единица, како што соопштија од Собранието, ќе одржи отворена дебата по предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.

Инаку, изјаснувањето на пратениците по предложените измени на Изборниот законик е оевозможено со неколку илјади аманандмани, во најголем дел преддложени од ДУИ, а делумно и од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега