Синот на Цветанка Иванова ги отфрла обвинувањата: „Мојата фирма ги исполни сите неопходни услови“

Како сопственик и управител на фирмата ДПТУГ ,,ДИКОР ЦД,, ДООЕЛ Струмица, целосно ги демантирам наодите што генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ги пласира во јавноста, напиша Зоран Иванов Синот на Цветанка Иванова.

„Обвинувањата што во јавноста се пласираат за работењето на мојата фирма,како и за наводни политички влијаниа во интерес на работењето на мојата фирма се паушални,без никакви аргументи и конкретни факти и докази.Станува збор за невистини,лаги и клевети,со едниствена цел да го наруши угледот на моето семејство.

Фирмата ,,ДИКОР  ЦД,, ДООЕЛ Струмица е стопански субјект кој повеќе од десет години   опстојува на пазарот. ВМРО-ДПМНЕ,веројатно во желбата да ме дискредитира мене,а и мојата мајка Цветанка Иванова,со целосни лаги и манипулации се обидува да фрли дамка на постапка којашто беше транспарентна и во која целосно се запазени сите процедури.

Мојата фирма,тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за извршување на патни работи во зимски услови на територијата на подрачјето на Штип,го доби во постапка во која ги запази и ги исполни сите неопходни услови.

Фирмата ДПТУГ,,ДИКОР ЦД,, ДООЕЛ Струмица сиве овие години работи професионално, успешно и целосно почитувајќи ги сите законски прописи и постапки“ наведува во соопштение Иванов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега