Пендаровски: Нема логика за изместување на предвремените избори

 

Претседателот Стево Пендаровски не смета дека е разумно да се одложи датумот на изборите во овој период, рече претесдателот во емисијата „200“ на ТВ Алсат.

Според него,  закажување на датумот на изборите по 6 месеци беше неопходно заради формирањето на Техничката влада 100 дена пред изборите.

-12 Април е само неколку месеци од редовните избори и не можам да видам која партиска или државна логика, би барала тие избори да се исместат. Од она што  го слушам од луѓе од бизнис заедницата, можам да ви кажам дека и онака кога веќе имаме закажано избори тоа е изгубено време за нас, за очекувања, бизнис планови или инвестиции домашни и странски, па ако повторно се одложува тоа е дополнителен удар врз планирањето кое бизнис заедницата сака да го направи- рече Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега