ДКСК ќе има увид во имотот на функционерите во странство

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе има увид во имотот на функционерите во странство.

 Владата на денешната седница ја прифати информацијата на предлог на Министерството за правда, според која Македонија ќе го потпише Меѓународниот Договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.

Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега