Владата ја казни директорката на МНТ поради инцидентот со „Шверцери“

На денешната седница на Владата на Македонија е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега