Чичаковски започнува да работи како судија во Управниот суд

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, започнува да работи како судија во Управниот суд по правосилното завршување на постапката, објави „Фактор“.

На 2. октомври Судскиот совет го избра Чичаковски заедно со Елеонора Хамулиќ Ајро за судии во Управниот суд меѓу 31 кандидат.за овие две места за кои имаше стеснета конкуренција од почетокот на јуни. 

Чичаковски е познат по скандалот што потпиша сите членови на ДИК да земат неколку илјади евра бонуси покрај високите плати. По откривањето на овој акт од страна на поранешниот американски амбасадор Џес Бејли, сите членови си дадоа оставки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега