Боки 13 од судница честиташе Божиќ

На денешното судење за случајот „Рекет“, сведочеше адвокатот Сашко Бошков, а потоа обвинетиот Бојан Јовановски ја искористи можноста вкрстено да го испрашува сведокот. Пред да го постави првото прашање, Боки 13 рече дека сака да честита Божиќ, пренесува „Фокус“.

 

-На сите верници од католичка вероисповед сакам да им го честитам Божиќ – рече Јовановски, па почна да поставува прашања.

Јовановски го праша адвокатот дали во телевизијата дошол за да прашаат за реклама за вино, но адвокатот рече дека не е точно.

Тогаш, Јовановски го праша и дали е точно дека додека бил во притвор во истражниот затвор му нудел непристојни предлози, на што сведокот одговори негативно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега