Ахмети со честитка за Божиќ: Здравје и радост за сите вас

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка по повод празникот Божиќ до сите верници кои го слават денеска.
„Пораката на овој голем ден на раѓањето на надежта и вербата, на љубовта, мирот, оптимизмот, солидарноста и добрата волја е универзална, со која се идентификуваме секој од нас без разлика на верата и нацијата. 
Оваа година, овој празник  не наоѓа во еден период на голема надеж за посветла иднина. 
Потполно верувам дека заедно ќе  ги постигнеме колективните цели кои ги поставивме за да ја унапредиме благосостојбата на нашите граѓани и нашата земја.
Здравје и радости за сите вас“, порача Ахмети.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега