Синдикатот на Клинички центар го поддржува најавениот протест на административниот и помошно-техничкиот персонал

 Синдикатот на Клинички центар соопшти дека го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал, што е најавен за утре пред Министерството за здравство, во организација на координативното тело на здравствената администрација.

Синдикатот на Клинички центар на седница на Советот одржана на 10 минатиот месец донесе одлука да се потпише анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25 отсто, докторите со наставно звање за 20 отсто, докторите по општа медицина 15 отсто, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10 отсто и здравствените соработници за пет отсто, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година, истакнуваат од Синдикатот и посочуваат дека и тогаш се изјасниле оти не се задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не е вклучен во ова зголемување.

Во таа насока, наведуваат од Синдикатот на Клинички центар, поради идентичните барања и заедничката цел заедно со Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и координативното тело на здравствената администрација имавме повеќе средби со министерот за здравство на кое ги истакнавме нашите барања за зголемување на платите на административниот и помошно-техничкиот персонал и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество и администрација. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега