МНР: Со амбасадорот на Латвија темата „Рекет" никогаш не е спомната

Бизнисменот Зоранчо Митревски на судење за „Рекет“ денеска кажа дека за непосредното барање пари од него, амбасадорот на Латвија го известил Министерството за надворешни работи, по што попладнево следеше реакција од Министерството.

„Со г -нот Сарканис, поранешниот нерезидентен амбасадор на Латвија, МНР Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел, кога тој во земјата доаѓа пред се’ во друго дипломатско својство и второ, на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет“, на што впрочем укажува и датумот кога се сретнале – 18 октомври 2018 година, како и неформалниот карактер на разговорот: на стоење, без закажување, со 40ина луѓе наоколу.

Амбасадорот, за време на тој неформален разговор точно е дека го спомнал почесниот конзул на Латвија, бизнисменот Зоран Митровски, ама само за да се пожали дека тој во медиумите бил спомнуван како осомничен во отворена истрага. Темата „Рекет" никогаш не е спомната.

МНР Димитров сметајќи дека евентуални коментари во таа насока би биле злоупотреба на дипломатскиот и конзуларен статус, само го информирал амбасадорот дека во нашата држава медиумите се слободни и дека Владата не може да влијае во работата на медиумите, ниту за почесни конзули, ниту за министри и така завршува разговорот.

Подоцна, според протокол, Кабинетот на МНР бара средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но потенцираме - токму конзулот немаше интерес за официјална средба и никогаш не дојде на состанок.

 

Повикуваме веднаш да се престане со ширење на вакви лаги кои се во функција да му наштетат на угледот и интегритетот на МНР Никола Димитров, преку негово поврзување со афера со која што тој нема никаков допир, што се разбира може да е и нивна цел, а кои влијаат негативно и на државните интереси и истовремено го подриваат и самиот судски процес“  велат од Министерство за надворешни работи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега