Маж од Косово уапсен во Скопје: Носел лекови вредни над милион денари

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Гњилане, Косово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволена трговија“.

На 12.02.2019 на обиколницата на Град Скопје, кај клучка Радишани, полициски службеници го запреле возилото „Опел зафира“, кое го управувал пријавениот и при преглед на возилото биле пронајдени кутии со различни лекови, во вкупна вредност од 1.145.579 денари, за кои не приложил никаква документација за набавка.

А.Р. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Чаир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега