Млада тетовка малтретирана со месеци- Тетка и братучед на сила ја терале да се мажи

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила дека во периодот од 25.08.2019 до пријавувањето од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.

Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина воља иако таа веќе имала момче.

 По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега