Ноќеска пукање во Железара: Четири лица приведени во полициска станица

Утринава околу 02часот и 07 минути во СВР Скопје биле пријавени истрели на ул.„Филип Филиповиќ“ во населбата Железара.

На местото на настанот излегле полициски службеници и затекнале паркирано патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓале С.Х.(23), С.К.(23), Ш.Р.(23) и М.Р.(45), сите од Скопје и тие се приведени во полициска станица.

При преглед на возилото и околината биле пронајдени две чаури од гасен пиштол и гасен пиштол. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а чаурите и гасниот пиштол се подигнати за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа