Три инциденти на улица во Скопје

Во 21.10 часот во СВР Скопје, 30-годишниот С.П. од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на булеварот „Јане Сандански“ бил физички нападнат од Б.Ј. 

МВР информира и дека во14.00 часот во СВР Скопје, 18-годишниот Д.А. од селото Горно Количани,скопско, пријавил дека околу 13.45 часот позади угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Е.Б. и И.Н.

Се случил инцидент и во Горно Лисиче каде 51-годишниот Д.С.  од Скопје пријавил дека околу 04.30 часот во близина на угостителски објект на улицата „Горно Лисиче“ бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега