Пукање во Скопје - Се слушале истрели

Полицијата уапси четири лица откако добила пријава за пукање во Скопје.

МВР информира дека во 02.07 часот во СВР Скопје биле пријавени истрели на улицата „Филип Филиповиќ“. На местото на настанот излегле полициски службеници и затекнале паркирано патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓале С.Х.(23), С.К.(23), Ш.Р.(23) и М.Р.(45), сите од Скопје.

При преглед на возилото и околината биле пронајдени две чаури од гасен пиштол и гасен пиштол.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а чаурите и гасниот пиштол се подигнати за понатамошна постапка.

Лицата се приведени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега