Панчевски по разрешувањето: Мафијата пуштена на најсилно

Мафијата пуштена на најсилно. Ова денеска го напиша Владимир Панчевски откако беше разрешен.

- Како Катица Јанева ја снајдоа многу зла за претресот врз мене на 05.10.2017 година, така и овие бесрамници ќе ги снајдат многу зла во иднина, во тоа сум 100% сигурен зошто му се поклонија на најголемото зло во државава Зоран Заев!

Во постапка во која се прекршени сите закони и правила, без никакви права и доставена покана и без мое произнесување, тајно и подмолно...

Во моментов изгледа убаво и победнички но времето ќе си го покаже своето...напиша тој.

За потсетување, Судскиот совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, обвинет за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега