Двајца пешаци тешко повредени- за едно деноноќе 13 сообраќајки

Двајца пешачи се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците од СВР Скопје полицијата од сообраќај исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол и едно нерегистрирано возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега