Ќерка на пратеничка 6 месеци прима плата од Фонд за иновации- мајка и тврди дека е волонтер

Сара Александрова шест месеци прима плата од Фондот за иновации иако мајка ѝ, пратеничката Емилија Александрова, тврди дека ќерка и нема никаков договор со оваа институција, објавува А1он.

 

И покај тоа што Фондот за иновации, по острите критики во јавноста, на почетокот на годинава демантира дека ќерката на пратеничката е вработена кај нив, од јули, сепак, почнале да ѝ даваат плата.

Од Фондот објаснуваат дека до крајот на јуни ќерката на пратеничката била ангажирана на практична работа без надомест, а од 1 јули била ангажирана со договор на дело.

Ќерката на пратеничката за половина година добила 150 илјади денари, односно имала по 25 илјади денари месечна плата.

Целиот текст со сите детали прочитајте го на А1он.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега