Османи: Европската комисија е против ревидирање на Законот за јазиците

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во емисијата „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, тврди дека ставот на Европската комисија е дека Законот за јазиците не треба да се ревидира пред изборите и покрај препораките на Венецијанската комисија.

Османи смета дека еврокомесарот Оливер Вахеј, е против ревидирање на законот затоа што е компромис, кој тешки бил постигнат последните 17 години.

-Ставот беше јасен и дециден дека закон не треба и не смее да се ревидира. Бара преку акциски планови да ги зајакне капацитетите на администрацијата, институциите и судовите со цел да се спроведе двојазичноста, со цел да не влијае особено на судството и одложување на било кој предмет- изјави за емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Бујар Османи.

Османи ја исклучува можноста СДСМ да ја исклучи ДУИ од техничката влада затоа што тоа не го дозолува законот за формирање на Пржинската влада.

-Сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека ДУИ ќе има една од најголемите победи во својата политичка историја. За нас мандат ќе дадат граѓните и тоа поважно за нас- смета Османи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега