Битолчанец тешко повреден при обид за кражба

 

Битолчанец се здобил со тешки повреди при обид за кражба, информира МВР.

„Вчера во 11:45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено  дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 26-гоишниот С.Р. од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, соопштува полицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега