Кај нив била пронајдена дрога - уапсен тетовец и двајца гостиварци

Кај тетовец и двајца гостиварци, во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден полицијата пронашла марихуана. 

Вчера околу 20.00 часот на ул.„107" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А. (24) од тетовско Седларево, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

МВР денеска соопшти дека Б.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 21.50 часот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на месноста „Ростушко анче", полициски службеници на Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Е.(24) и А.А.(38), двајцата од гостиварско Ростуше.

При нивен и преглед на возилото „форд", со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега