Приведен разбојник во Неготино - парите вратени на сопствениците

Вчера во околу 10:30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода 42-годишниот П.Ц. од Неготино поради тоа што во околу 08:00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал. 

 

При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега