Шеснаесетмесечно бебе со повреди донесено на Клиника

Вчера во 12:50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16 - месечно женско бебе од Скопје со повреди.

Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, 21-годишната А.М.С. од Скопје изјавила дека дека на 23.12.2019 околу 12:00 часот нејзиниот партнер, 34-годишниот С.И. од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката, 55-годишната Л.Д. од Скопје. Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега