Драма во угостителски објект во Скопје - со остар предмет нападната вработена

Вчера во 11:15 часот во СВР Скопје, 35-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека околу 04:00 часот во угостителски објект на бул. „Борис Трајковски“, додека бил на неговото работно место, тој и неговата колешка В.М. биле физички нападнати од А.К., кој со остар предмет ја повредил В.М. во пределот на раката. Според пријавеното, потоа А.К. со возило ги удрил двајцата во пределот на нозете. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега