Шест сообраќајки во еден ден во Скопје

 Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во две сообраќајни незгоди од вкупно шест што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила четворица возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

Со специјалното возило пајак подигнати се 81 возило.

Казнети се и 21 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега