Очув малтретирал 16-месечно дете од Скопје: Го удирал со тупаници по главата и телото

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот го сторил делото на 23-ти декември, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете за да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Осомничениот – очув на детето, додека бил сам со детето во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи му тупаници во пределот на главата и лицето, при што му нанел телесни повреди.

Поради постоење на околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе влијае на сведоци и дека ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Вчера во 12:50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16 - месечно женско бебе од Скопје со повреди, информираше МВР

 

Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, 21-годишната А.М.С. од Скопје изјавила дека дека на 23.12.2019 околу 12:00 часот нејзиниот партнер, 34-годишниот С.И. од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката, 55-годишната Л.Д. од Скопје. Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега