Прегазен пешак во Ѓорче

На улицата „Ѓорче Петров“ пред крстосница со улиците „Михајло Пупин“  вчера во 14:35 часот патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 60-годишниот М.Д. од Куманово, удрило во пешак.

Се работи за 70-годишниот Ѓ. С. од Куманово. 

По незгодата Ѓ.С бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2019 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега