Полицаец почина на лице место - Бизарна несреќа во Македонија

Двајца полицајци синоќа беа прегазени на патот Тетово - Гостивар додека вршеле проверка на претходна сообраќајна несреќа.

За жал, едниот починал на лице место а другиот се здобил со повреди. 

П.Ѓ. и Ф.Ш. околу 19 часот додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“. П.Ѓ. починал.на самото место, додека Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, пренесе Фокус.

Во полициската станица во Гостивар лишен од слобода е 31-годишниот Р.Ш.  од село Грашница-Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега