Тешка несреќа во Македонија - Повредени три лица

Во 18,50 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на место викано„Тумчевишка клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ѓ.Т.  од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Е.О. од селото Речане, гостиварско. 

  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега