Несреќа во Македонија: Се забил во паркирано возило, има повредени

На регионален пат Р1201 во селото Велешта патничко моторно возило„шкода“ со чешки национални ознаки управувано од 69-годишниот Б.Л. од Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот Ш.Л. од Велешта, струшко. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило„шкода“ Б.Б. која е пренесена во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега