Се искршија Југо и Рено - Едно лице во болница

Во 22,30 часот во Куманово, на улицата „Драган Стопаревиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот В.К. од Куманово, и патничко моторно возило „рено твинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Н.Н. од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничко моторно возило„југо корал“ И.Т.(34) од Куманово кој е пренесен во Клиничката болница Куманово  за укажување на лекарска помош.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега