Полицаец отишол на увид на несреќа па загинал - Детали за бизарната несреќа во Македонија

МВР излезе со детали за тешката несреќа во која вчера еден полицаец го загуби животот на лице место на патот Тетово-Гостивар, а еден се здоби со повреди.

Според МВР, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на местото викано „Тумчевишка клучка“ вчера околу 18 часот и 50 минути се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „БМВ“ управуван од 20-годишен гостиварец и „пежо“ управувано од 49-годишник од село Речане. Во незгодата со тешки повреди се здобиле три сопатнички во автомобилот „пежо“ на возраст од 51, 48 и 27 години, инаку сите од гостиварско Речане.

Тие биле итно пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а на увидот на местото на настанот животот го загуби еден полицаец, а друг е повреден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега