Трагедија викендов во Македонија: Маж падна од покрив и почина

Трагедија викендов ја потресе Македонија кога маж од Кочани падна од покривот на својата куќа и почина.

МВР информира дека во полициската станица Кочани било пријавено дека 63-годишниот Ј.А. од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал.

Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт.

Телото е предадено на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега