Се запали камион за собирање смет впо Василево

Камион за собирање смет на комуналното претпријатие „Турија“ од Општина Василево се запали денеска околу 10 часот. Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица на Струмица со едно против пожарно возило и четворица пожарникари пожарот е локализиран и изгаснат.

Во пожарот нема повредени, а според информациите од директорот на комуналното претпријатие, Зоран Ѓоргиев, причина за запалување на камионот се собрани остатоци од пепел и жар од Индустрисата зона во Василево што довело до запалување на делот за одлагање на сметот. При тоа изгорен е дел од исталацијата за истоварање на приколката. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега