Апсење во Маркова Сушица

 

Според пријавеното вчера околу 16.10 часот во угостителски објект на крстосница од Маркова Сушица кон село Елово,скопско, од слобода бил лишен Ш.И.(26) од с.Елово, бидејќи попречувал полициски службеници во вршење на службено дејствие, при обид за лишување од слобода на Џ.Ј.(39) од с.Елово, кој претходно ги омаловажувал полициските службеници и го напуштил местото на настанот.

Подоцна, тој сам се пријавил во Полициската станица Драчево.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега