Прегазен пешак во Македонија - Го оставиле и избегале

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол, гостиварско кога патничко возило, управувано од едно лице, удрило во пешакот Л.И.(55) од Добридол, по што го напуштило местото.

-Во незгодата, Л.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гостивар за укажување лекарска помош, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа