Ле Дриен со порака до Димитров: Усвојување на Законот за ЈО испраќа позитивен сигнал во овој клучен период

Министерот за надворешни работи Никола Димитров  во рамки на посетата на Берлин  имаше средба со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со кого размениле мислења околу заедничкиот влог и изгледите за скоро постигнување консензус меѓу земјите членки на ЕУ за новата методологија за пристапни преговори, како и за усвојување одлука за почеток на преговори со  Македонија.

Меѓу останатото, како што соопшти Министерството за надворешни работи, Ле Дриан ја истакна и важноста од усвојување на Законот за јавно обвинителство во насока на испраќање уште еден позитивен сигнал во овој клучен период.

Димитров ја заокружи работната посета на Берлин со учество на работен ручек на покана на германскиот МНР Хајко Мас, како и со средба со францускиот МНР Жан-Ив Ле Дриан.

Во дискусијата за време на ручекот, како што соопшти МНР, учесниците се осврнале на широк спектар на теми од стратешко значење за Регионот и самата ЕУ, меѓу кои и регионалната и економска соработка, демографски и миграциски текови, влијанието на трети страни при справување со споделени безбедносни предизвици.

Димитров во своето излагање посебно се осврнал на заедничкото претседавање на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес, што претставува особено признание за исчекорите на земјата на планот на регионална соработка и унапредување на добрососедските односи, но и знак за нејзината зрелост и капацитет да продолжи со преземените обврски.

Шефот на дипломатијата исто така се сретна со Сузане Шуц, ополномоштеник за ЈИЕ во германското МНР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега