23-годишен скопјанец со остар предмет го нападнал својот татко

Син со остар предмет го нападнал својот татко.

Како што велат од МВР, вчера околу 18:00 часот од Ургентниот центар во Скопје било пријавено дека кај нив е донесено повредено лице со остар предмет.

- Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за С.А.(54) од Скопје, кој бил повреден од неговиот син Д.А.(23) во семејниот дом на ул.„Бигла“. Д.А. бил пронајден во домот и лишен од слобода. Се работи на целосно расчистување на случајот, a по негово документирање ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега