Седум лица фатени со дрога

Седум лица во текот на вчерашниот ден биле фатени со дрога и психотропни ступанци.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес на домот на 39-годишниот Л.Ѓ била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документираше на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишени од слобода биле и тројца тетовчани и еден скопјанец во Скопје.

-Вчера во 13.55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Женевска“, ги лишиле од слобода В.Х(26), Д.Ј.(25), В.И.(29), сите од Тетово и Б.Л.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Во скопска Кисела Вода полициски службеници пронашле марихуана и кај 24-годишниот Д.Д. од Скопје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Марихуана била пронајдена и кај 31-годишен жител на Пехчево.

-Вчера во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Скупи“ го лишиле од слобода Ш.С.(31) од Пехчево, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега