Тешка несреќа во Штип - малолетно момче со мопед удри во автомобил

\

Малолетно момче се здобило со тешки телесни повреди откако со модепот со кој управувало, удрило во автомобил.

-Вчера во 15:15 часот на крстосница помеѓу ул.„Драги Крупишки“ и ул.„Кратовска“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал 55“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Р.Ѓ. од село Долни Балван, општина Карбинци и мопед „гарели гсп 50“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Штип. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега