Идентификувано безживотното тело на Шар Планина

Идентификувано е безживотното тело кое вчера беше пронајдено на Шар Планина од страна на планинар.

Станува збор за 32-годишениот сириски државјанин М.Р. Лидецоте на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен за исчезнат, а поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија.

Телото беше пронајдено вчера околу 11 часот од страна на планинар. Поради непристапниот терен, службениците од СВР Тетово со хеликоптер беа префрлени за да направат увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега