Полицијата го следела Кичеец додека тој шетал по кафеани и локали

Од 21 jуни до 21 јули 2018 година Бојан Јовановски и Зоран Милески со наредба од ОЈО биле тајно следени од МВР, односно против нив биле применети Посебни истражни мерки, извести на денешното рочиште за случајот „Рекет” обвинителката од Одделот за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, пренесува „Слободен печат“.

Голем дел од видео-снимките кои беа презентирани во судницата од тајно снимениот Милески од страна на полицајци во цивилка беа со многу лош квалитет, информира „Слободен печат“.

Во тајното следење применето кон Зоран Милески, како што соопшти Рускоска, сега осудениот неколку пати користел возило сопственост на Мелита Милески.

Зоран Милески во едно од тајните следења е снимен како влегува во автомобил „порше“ со бугарски таблички и заедно со возачот пристигнуваат пред хотел „Мериот“. Пред хотелот ги чека непознато машко лице кое влегува во автомобилот и заминуваат во барот „Интермецо“. По некое време Зоран Милески го напушта локалот и заминува во ресторан.

Во друг сет од снимки тој е снимен како во Капиштец вози мотор без регистерски ознаки. Во повеќето тајни снимања применети кон Милески можеше да се види како тој како возач или совозач се вози во повеќе возила, посетува низа ресторани и кафетерии, а неколку пати е снимен како оди на работа.

– Дел од следењето, претпоставувам дека не е снимен со камера од пратњата, но затоа тука се нивните извештаи кои детално ги опишуваат настаните и лицата – рече обвинителката Рускоска по реакцијата на адвокатите на обвинетите дека прочитаното од документите на ОЈО не соодвествува со снимките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега