Боки 13 снимен како влегува дома кај Катица Јанева

Обвинителката Вилма Русковска во судницата денеска презентираше докази прибрани со посебни истражни мерки и за Бојан Јовановски, првообвинет во Рекет. Тој бил тајно следен во Скопје и во Охрид.

Се прикажуваат снимки како Боки, со едно машко и едно женско лице со руса коса влегуваат во возило. Јовановски бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, потоа како влегува во МНТ, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“.., па во ресторан во Скопје со повеќе лица, пренесува „Плусинфо“.

Русковска тука покажа и снимка од 1 јули 2019 година како Кичеец прво со возило оди во хотелот Мериот, а потоа и во компанијата „Пелистерка“, на крајот тој заминува преку Девет Баир во Бугарија. Попладнето истиот ден Боки бил снимен како со возило се упатува на улицата каде што живее обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и пред клиниката „Жан Митрев“, на улицата Варшавска и на повеќе локации низ Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега